Македонија
8. December 2016 - 11:37

Честитка од Груевски по повод Св. Климент

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од негово и од име на партијата денеска, по пвод празникот Св. Климент, упати честитка до Синодот на Македонската православна црква и до сите православни верници.

- Делото на Св. Климент преставува добар пример за тоа како со труд и искрена посветеост се постигнува многу и може да се придонесе кон живот базиран на принципи и вредности. Само со труд, смирение и посветеност може да постигнеме добри дела за нашиот народ и нашата држава. Да бидеме одговорни пред себе и пред Македонија. Да бидеме одговорни пред историјата и пред иднината. Тоа е пат на меѓусебно почитување и постојана работа, наведува Груевски во честитката.

Според него, со почитување на овие принципи, може да одиме напред, да создадеме многу повеќе и да ја развиваме државата.

- Патот на напредокот и остварувањето дела за сите преставува приоритетот во нашата работа, бидејќи тоа им е потребно на граѓаните. Да го следиме Свети Климент и да му служиме на народот на најдобар можен начин и до последниот атом од нашата сила, посочува Груевски.