Честитка од Груевски по повод празникот Рош Хашана
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, упати честитка до припадниците од еврејската заедница по повод празникот Рош-Хашана.
- Рош Хашана е исклучително значаен празник во хебрејската традиција кој промовира силни морални и етички вредности. Празнувањето преку кое се потсетуваме на сите дела од изминатата година носи голема морална одговорност и не учи како да бидеме добри едни кон други и како да изградиме подобар заеднички соживот, наведува Груевски во честитката до претседателката на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо-Николиќ.
Еврејската заедница, стои во честитката, има значаен и силен белег врз културниот, економскиот и општествениот живот во нашата земја.
- Убеден сум дека и во иднина ќе продолжиме да работиме заеднички за унапредување на сите општетствени сфери кои се значајни за сите граѓани на нашата земја. Верувам дека еврејската заедница, презентирајќи ги своите вредности, и понатаму ќе продолжи да придонесува кон унапредување на македонското општество, и ќе има значајна улога во понатамошно продлабочување на пријателството и соработката меѓу Македонија и Израел, се вели во честитката.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор