Чешки европратеник со тројца Словаци со фалсификат документи се обиделе да повлечат 350 милиони евра од швајцарска банка
Чешкиот европратеник Милослав Рансдорф, кој вчера со уште три лица беше задржан од швајцарската полиција во обид да повлече пари од банка во Цирих употребувајќи фалсификувани документи е пуштен на слобода, јави дописникот на МИА од Прага.
- Тројца словачки државјани и чешкиоте европратеник Рансдорф беа уапсени по обидот со фалсификувани лични документи да извадат 350 милиони евра од швајцарска банка, потврди портпаролот на словачкото Министерство за внатрешни работи Иван Нетик.
Според дел од медиумите, банкарската сметка се водела на презиме Рансдорф.
Министерството за надворешни работи на Чешка го потврди случајот.
Според партиските колеги на Рансдорф, од Комунистичката партија (КСЧМ) се очекува тој да се врати во Чешка и да се брани од слобода.
Според Протоколот за привилегии и имунитети на ЕУ, европратениците се заштитени со имунитет на седниците на Европскиот парламент (ЕП) и на подрачјето на својата матична држава и останатите земји на ЕУ не може да бидат уапсени.
ЕП има право во секое време на свој член да му го одземе имунитетот.
Ново на Сител
-
Последни денови за пријавување за намалување на сметките за струја за ранливи потрошувачи
-
Си: Нема победници во трговската војна
-
Пронајдени рачни бомби во село Боговиње
-
Почна судењето за претседателот на Јужна Кореја Јун Сук-Јеол, обвинет за велепредавство
-
Продолжува судењето за случајот со родилката на која при пораѓај и беа извадени матка, јајник и бубрег
-
Без вода дел од улица „Ленинова“
-
Со истрагата за пожарот во Кочани опфатени 45 лица
-
Со сведочење на Љупчо Палевски продолжува судењето за убиството на Вања и Панче