-->
-->
Червар со 24 ракометари ги почнува подготовките во Маврово
-->
Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Лино Червар повика 24 ракометари за подготовките на репрезентација за настап на Светското првенство 2017, што ќе се одржат во Маврово. Од списокот од 28 играчи отпаднаа: Никола Митревски (голман), Никола Костески, Давор Палевски и Горан Крстевски.
Нашите ракометари во Маврово ќе работат во периодот од 20 до 30 декемви, а потоа подготовките ќе ги продолжат во Скопје каде ќе одиграат и пријателски натпревари против Босна и Херцеговина пред заминувањето за Франција.
Селекторот Лино Червар, за подготовките во Маврово ги повика следните ракометари: Благојче Трајковски, Даниел Ѓорѓески, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Филип Лазаров, Кирил Лазаров, Влатко Митков, Филип Талески, Стефан Дрогришки, Велко Маркоски, Мартин Поповски, Бојан Маџовски, Марко Нелоски, Филип Миркуловски, Мартин Велковски, Ласко Андоновски, Ристо Арнаудовски, Мартин Манасков, Кирил Колев, Јовица Младеновски.
Поаѓањето за Маврово од Скопје е предвидено за вторник (20.12.2016) во 9:30 часот од пред Ракометната Федерација на Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет