-->
-->
Червар се подалеку од Металург
-->
Тренерот на македонскиот ракометен вицепрвак Металург, Лино Червар се наоѓа во Загреб и таму ќе биде и во следниот период. Тоа значи дека во целост ќе ја извршува и својата функција како селектор на хрватската репрезентација.
Како што пишува хрватскиот медиум „Вечерњи лист“ Червар во Металург најверојатно ќе биде само како советник и дека неговиот помошник Александар Јовиќ ќе ја преземе првата екипа на Металург.
Червар на прашање за неговиот статус одговорил:
- Отворен сум за сите прашања за репрезентацијата. Металург оставете го сега на мир. Останувам во Загреб, имаме многу работа, а малку време.
Червар ќе ја предводи хрватската репрезентација на Европското првенство во кое таа ја има улогата на домаќин. Во октомври за време на „неделата на ЕХФ“ ќе има пауза во клупските натпреварувања, а тоа значи дека репрезентациите ќе имаат собири.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз
-
Македонија под снег и мраз
-
Граѓани со скршеници ги полнат болниците
-
Ослободителна пресуда за Гордана Јанкуловска, затвор за началниците во бегство
-
По интерпелацијата Даути си се смета за разрешена, но се уште нема оставка