Фудбал
12. August 2021 - 8:27

Челзи по изведување пенали подобар од Виљареал во Суперкупот на УЕФА

Во фудбалскиот Суперкуп одигран вечерва во Белфаст, Челзи го победи Виљареал по подобро изведување пенали. Резултатот по основните 90 и дополнителни 30 минути беше нерешен 1:1.

Првиот гол го постигна фудбалерот од средниот ред на „сините“, Хаким Зијех во 27. минута. Во 73. минута Џерард Морено го израмни резултатот за голема радост на навивачите на шпанскиот претставник.

Средбата премина во продолженија, во кое не беа постигнати голови. Во пенал-рулетот Челзи постигна 6 гола наспроти петте на Виљареал.