-->
-->
Челинџ куп: Вардар Јуниор посакува позитивен резултат
-->
Со доза на внимателност ракометарките на Вардар Јуниор го очекуваат првиот четвртфинален натпревар од Челинџ купот со украинската екипа Карпати. На денешниот прес тренерот Симе Симовски потенцираше:
- Ова е голем успех за клубот со пласманот во 1/4 финалето. Имавме еден месец за подготовка за овој дуел, а за ривал имаме екипа која е слична на нашата, како според возраст така и според квалитет. Имаат само 2-3 нешто поискусни ракометарки. Но, ако ние ја одиграме нашата игра пред се добро во одбрана можеме до позитивен резултат.
Очекувањата и кај ракометарките се исти, па Маја Трпковска и Симона Стојановска истакнаа дека атмосферата кај девојките е одлична и дека ќе се борат за секоја топка и со максимална ангажираност да се стигне до триумф и што е можно подалеку во Челинџ купот.
Поради натпреварите на машаката екипа на Вардар во сабота и на женската во недела во рамките од Лигата на шампионите дуелот меѓу Вардар Јуниор и карпати ќе се игра во понеделник во 18:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата