Челик: Турција бара полноправно членство во ЕУ
Турскиот министер за ЕУ, Јомер Челик, во Брисел повтори дека Турција сака полноправно членство во ЕУ и нема да прифати никаков друг предлог, соопшти денеска весникот „Хуриет дејли њуз“.
Челик ова го кажа вчера, на седница на Заедничкиот консултативен комитет ЕУ-Турција, во Брисел.
- ЕУ треба да ја поддржи Турција за време на овој тежок период во регионот, покажувајќи разбирање за причините за борбата против тероризмот, давајќи и визна либерализација и најмногу со забрзување на процесот на приклучување, посочи Челик.
Тој кажа дека Турција е подготвена да ги отвори поглавјата 23 и 24 во преговорите за приклучување кон ЕУ, што се однесуваат на судскиот систем и основните човекови права, правосудство, слобода и безбедност.
Челик истакна дека се покажуваат „двојни стандарди“ со критиката на Турција без да се отворат овие поглавја.
Преетходно овој месец Европскиот Парламент усвои резолуција,со која земјите членки се повикаа да ги прекинат преговорите за приклучување на Турција кон ЕУ, доколку уставните промени, донесени на референдумот на 16 април, бидат спроведени без измани.
Турските лидери изјавија дека резолуцијата „нема никаква вредност“ и нема обврзувачки карактер.
Челик посочи дека очекува во претстојниот период да дојде до интензивирање на односите Турција-ЕУ.
-Следната недела тука ќе имаме дијалог на високо ниво. Ќе дојдеме со нашиот министер за надворешни работи, рече Челик и додаде дека тие ќе се сретнат со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, и со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници