Чавушоглу: Над 300 службеници на турското МНР поврзани со обидот за пуч
Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу денеска изјави дека над 300 службеници на Министерството за надворешни работи биле поврзани со обидот за преврат во земјата, што беше изведен на 15 јули.
Во интервју за телевизијата Си-Ен-Ен-Турк, Чавушоглу најави и дека „двајца или тројца амбасадори“ можно е да бидат сменти од должноста.
Претходно, денеска Чавушоглу соопшти дека 88 службеници на Министерството се отпуштени поради поврзаност со обидот за преврат.
Тој во интервјуто нагласи и дека германската Влада треба на Турција да и предаде некои обвинители поврзани со муслиманскиот верски лидер Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува за организирање на обидот за пуч во земјата, а кои побегнале во Германија.
Чавушоглу, исто така, наведе дека е дојдено до извесно позитивно придвижување во ставот на САД за екстрадицијата на Ѓулен, кој се наоѓа во доброволен егзил во оваа земја.
Ново на Сител
-
Меџити: Се уште не е договорено името на новиот државен обвинител
-
Собранието ги изгласа заклучоците и препораките за поголема безбедност во сообраќајот
-
Грипот се уште “тресе” – ризичните групи најмногу на удар!
-
Пожар во Кисела Вода – повредени 4 лица
-
Меџити: Имаме поважни работи од промена на грбот и химната
-
По најавите на Трамп за зголемување на царините, македонските компании будно ја следат состојбата
-
Одложен тендерот за центарот за управување со отпад кај с. Мечкуевци
-
Преглед на вестите од светот