Чавашоглу: Односите со Русија не се вложуваат
Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавашоглу изјави дека односите со Русија не се дополнително влошени, но оти е неопходно да се разговара за начините за нормализирање.
- Сега нашите односи малку се нормализираа. Русија почна помирно да се однесува кон Турција, но во исто време не презема позитивнии чекори. Имаме конкретен предлог, за кое веќе спомнавме. Во Белград му предложивме на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да се формира заедничка комисија. Учесниците од двете земји да разгледаат што неопходно треба да се направи. Се уште немаме одговор на нашиот предлог, посочи Чавушоглу.
Тој додаде дека Турција и Русија имаат цврсти позиции и оти тоа нема брзо да се промени.
Чавушоглу наведе дека Турција не се смета за виновна за соборувањето на рускиот воен авион во ноември минатата година.
- Имаше нарушување на границата и нашите пилоти го направија тоа што беше неопходно. Нас не не израдува тоа што се случи. И потоа не презедовме мерки против Русија, ниту политички ниту економски, потенцира турскиот министер за надворешни работи.
Чавашоглу изрази надеж дека по делумното повлекување на руските сили од Сирија, Русија ќе го почитува договорот за иднината на земјата, нема да дејствува против опозицијата, а ќе напаѓа цели на Исламска држава.
Ново на Сител
-
Може ли Скопје преку Вашингтон да најде пократок пат до Брисел
-
Службен весник ги објави одлуките за замрзнатите цени и маржи
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлог на обвинителката Ленче Ристовска
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
МОН ги објави конкурсите за стипендии во странство, од оваа година под нови услови
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлогот на обвинителката Ленче Ристовска
-
Случајот со обвинителот Коцевски под лупа на САД, Правда го подготвува предлогот за разрешување
-
СДСМ: Процес на партизација наместо реформи