Чартер летови Истанбул - Охрид - Истанбул
Нова чартер линија Истанбул - Охрид - Истанбул се воведува од 15 април годинава и ќе биде активна до октомври, соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).
Ова е договорено меѓу м акедонската компанија БТБ Тур и турската Татил Будур на туристичката берза ЕМИТТ во Истанбул, Турција, а аранжманите се веќе во продажба.
На берзата, пред 700 учесници од 80 земји и посетеност од над 50.000 луѓе, АППТ го претстави туристичкиот потенцијал на Македонија и ја доби наградата за најдобро организиран штанд. Наградата ја додели директорот на саемот Хаџер Ајдин.
Тимот на АППТ оствари состаноци со тур-оператори од Турција, САД, Индија, Кина и Виетнам, додека турски тур-оператори кои досега ја немаа вклучено Македонија во својата понуда, покажаа интерес тоа да го сторат веднаш.
Glorious DMC, Acenzi Travel, Sinope Tours, Aleria Travel&Leisure, Mahima Tours, BekTravel, Perfect Teavel, Amari tour се само дел од оние кои иницираа состанок за да дознаат повеќе за Македонија, но и да дознаат за можностите кои им ги нудиме како дестинација кои би довеле до соработка.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет