Чадиковски: Нападите и заканите врз новинарите треба итно да се процесуираат

Професионалните новинари не треба и не смеат да бидат напаѓани поради вршење на нивната професија, нападите и заканите треба итно да се процесуираат, да се прошири надлежноста на Обвинителството да постапува по службена должност по кривични дела поврзани со напади на новинари и да се зголемат казните кон напаѓачите, се пораките кои ги упати претседателот на Здружението на новинари Младен Чадиковски, на денешната прес-конференција одржана по повод Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата против новинарите.
Тој нагласи дека напад врз новинар е напад на демократијата и слободниот говор. Тоа, како што рече, е недозволиво за земја која претендира наскоро да го почне преговорите за влез во Европската Унија.
Претседателот на ЗНМ нагласи дека оваа година споредено со минатите, новинарите често се соочуваат со вербални и физички напади само поради вршење на своите професионални обврски, додека насилниците остануваат неказнети. Важно е, како што посочи Чадиковски, да се истакне дека неказнивоста неминовно води кон самоцензура, го ограничува просторот за слободни медиуми и ја лишува јавноста од правото да биде информирана.
– Според статистиката на ЗНМ, од почетокот на оваа година бележиме вкупно 14 напади и груби закани кон новинари од кои повеќе од половината се кон новинарки. Споредбено, минатата година вакви инциденти имаше четири што значи дека оваа година нападите и заканите се три пати повеќе. Иако физичките напади се намалени, сепак, загрижува фактот дека се повеќе закани по животот кон новинарите се забележуваат на социјалните мрежи. Во оваа насока, дополнителнителни напори треба да вложи и Министерството за внатрешни работи со санкционирање на сторителите, а за посериозните случаи да бара од ОЈО да покренува кривични постапки, истакна Чадиковски.
Претседалот на ЗНМ посочи дека новинарите и медиумските работници играат клучна улога како чувари на јавниот интерес, а новинарската професија е важен дел на секое демократско општество.
– Првата порака ја упатуваме до јавноста и до политичките партии дека професионалните новинари не треба и не смеат да бидат напаѓани поради вршење на нивната професија. Втората порака ја упатуваме до Основното јавно обвинителство – нападите и заканите врз новинарите треба итно да се процесуираат. На овој начин ќе се придонесе кон заштита на демократијата во земјава. Бараме во следниот период Министерството за правда да направи измени Кривичниот законик. Со измените треба да се прошири надлежноста на обвинителството да постапува по службена должност по кривични дела поврзани со напади на новинари и да се зголемат казните кон напаѓачите. Во исто време од ОЈО бараме да формира посебно одделение кое ќе ги гони напаѓачите на новинарите, потенцира Чадиковски.
Тој посочи дека креирањето на безбедни услови за работа на новинарите и медиумските работници е редовно нотирано во извештаите на Европската комисија за Република Македонија.
– Затоа Владата треба посериозно да го земе ова прашање предвид и да ги поттикне засегнатите институции не само да ги решат случаите на нападни новинари туку и да превенира нови во иднина, рече Чадиковски.
Претседателот на ЗНМ истакна дека годинава во светот се убиени 22 новинари, 248 се затворени, а 64 се водат како исчезнати.
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
