Центарот за култура-Битола го очекува 100.000-от гледач во 3Д киното
Директорот на НУ Центар за култура-Битола, Борче Димитровски денеска на прес-конференција ги најави културните настани кои ќе се одржуваат во Центарот до крајот на годината и соопшти дека го очекуваат 100.000-от гледач во реставрираното кино во таа установа.
Димитровски посочи дека 35-годишнината од почетокот со работа и основањето на Центарот за култура-Битола во последниот квартал од оваа година ќе биде одбележана со врвни настани и со гостување на висококвалитетни групи, оркестри и ансамбли од државата и странство.
- Серијалот настани почнува со концертот на светски познатиот бенд „Њујорк Џипси Олстарс“ од САД кои ќе настапат на 29 септември, а во чиј состав настапува и нашиот виртуоз на кларинет Исмаил Лумановски и кои како група првпат ќе настапат во Македонија. Роденденот на нашата национална установа, 10 октомври, ќе биде одбележан со концерт на камерниот оркестар на Битола, а на 22 октомври на нашата сцена ќе гостува националниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“, истакна Димитровски.
Центарот за култура-Битола на 5-ти и 6 ноември ќе биде организатор на седмото издание на фестивалот „Музика од светот“, а во рамките на јубилејот ќе биде одбележана двегодишнината од почнувањето со работа на дигиталното 3-Д кино.
- Очекуваме во декември да го регистрираме 100.000-тиот гледач во нашето кино и тоа е одлична бројка за двегодишна работа на киното, но е и составен дел на бројот на посетители на значајни културни настани, нагласи Димитровски на денешната средба со новинарите во Битола.
Ново на Сител
-
Араухо ја известил Барселона дека сака да си замине
-
Милановиќ убедлив победник во вториот круг претседателски избори во Хрватска
-
Излезни анкети: Милановиќ убедливо го победи Приморац на изборите во Хрватска
-
Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија
-
Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар