Центарот за интелектуална попреченост „Порака нова“ одбележува 32 години од основањето
Центарот за подобрување на квалитетот на животот на лицата со интелектуална попреченост и нивните фамилии „Порака нова“ од Струга денеска одбележува 32 години од основањето. Во рамките на одбележувањето на 32-от роденден организираа базар на кој членовите и волонтери, кои им помагаат во активностите за подобрување на квалитетот на лицата со интелектуална попреченост продаваа рачно изработени ракотворби.
Секретарот на Центарот Анита Гагоска информира дека на дневна база опслужуваат околу 60 корисници со интелектуална попреченост и нивните семејства, а Дневниот центар го посетуваат 15 лица.
- Денеска одбележуваме 32 години од основањето кога родителите на лица со интелектуална попреченост од општините Струга и Вевчани се собрале и го формирале здружението со цел да им се помогне на нивните деца и да се задоволат одредени нивни права. Организиравме базар на кој ги продаваме ракотворбите изработени од корисниците на Дневниот центар и волонтерите. Рачните изработки ги продаваме и на други јавни настани, а имаме соработка и со фирми. Собраните средствата се наменети за корисниците на Дневниот центар, истакна Гагоска.
Корисниците на Дневнион центар имаат когнитивно-едукативни активности, работно-окупациски, спортско-рекреативни, готвење, социјални активности и вештини за независно живеење. Често имаат организирани посети на институции, излети и ескурзии во општината.
„Порака нова“ е отворена за соработка со сите организации кои опслужуваат лица со интелектуална и други попречености во земјава и странство.
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?
-
До крајот на јануари ќе почне примена на Законот за употреба на македонскиот јазик - Има ли државата капацитет?
-
Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем
-
Ветерот и снегот малку го исчистија воздухот – синоќа Скопје беше најзагаден град во светот
-
Струмица и понатаму меѓу најзагадените градови