Македонија
24. November 2015 - 16:28

Центар: ВМРО-ДПМНЕ бара одговор зошто Богдановиќ има плата од 2.000 евра

Итна седница бараат советниците на ВМРО ДПМНЕ  од Центар по скандалот за астрономските плати кои ги земаат директорите во ЈП  Паркинзи на општината. По објавениот документ дека Саша Богдановиќ директор на претпријатијето зема од општинската каса плата од 2000 евра а 1500 одредил за својот заменик, јавноста се крена на нозе. Советниците ќе инсистираат на одговорност поради нереалните примања. Со тоа што Богдановиќ вчера најави тужба поради злоупотреба на лични податоци , советничката група смета дека директорот ја потврдува точноста на документот .

Томислав Лазаров, советник на ВМРО ДПМНЕ во О. Центар Богдановиќ призна дека себе си се наградил со плата од 2000 евра, а својот заменик го наградил со 1500 евра. Со тоа Богдановиќ покажа каков е ставот на СДСМ кон граѓаните. Богдановиќ јасно им порача на граѓаните „јас можам да си ги делам парите на граѓаните како што сакам и колку сакам, а Вие за тоа ниту смее да знаете, ниту смее да се интересирате“. Господине, најскапоплатен Директор, со вашите закани нема да заплашите никого. Вие им должите одговор на граѓаните со што заслуживте 2 000 евра месечно и колку според вас е доволно за да се задоволат вашите апетити и апетитите на вашите партиски соработници

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека паркинзи Ценар за само две години е претворен во приватна фирма  од страна на Жерновски и неговиот скапо платен тим.

Богдановиќ реагираше со соопштение преку кое ги повика од советничката група на ВМРО ДПМНЕ да излезат со валиден документ заверен со архивски печат со што ќе ја потврдат како што вели нивната  теорија . Богдановиќ соопшти дека поднел кривична пријава за злоупотреба на лични податоци а најави и тужба за клевета.