Свет
13. July 2022 - 8:53

Цената на нафтата утрово бележи драстичен пад

За првпат после три месеци, цените на нафтата Брент утрово паднаа под 100 долари за барел поради загриженоста за глобалната рецесија што ја намалува побарувачката.

Конкретно, цената на барел северноморски брент за испорака во септември падна за 7,10% до 99,49 американски долари. Тоа е првпат нафтата да падна под границата од 100 долари за околу три месеци.

Паралелно со пад од 7,92% се затвори цената на барел американската нафта West Texas Intermediate (WTI) за испорака во август, на 95,84 долари.