Цеца во солзи го влечела крвавиот Аркан до излезот на хотелот
Поминаа 16 години, а убиството на Жељко Ражњатовиќ - Аркан и понатаму еднакво ја интригира јавноста. Кој е вистинскиот нарачитечл за убиството - се уште не се знае. Тој 15. јаунари 2000 година пред хотелот „Интерконтинентал“, околу 17 часот застанале два автомобили. Од Опел Калибрата излегле Драган Николиќ - Гаги и Милан Ѓуриќиќ - Мики кои од порано биле познати на полицијата. Од другото возило излегол и Зоран Николиќ - Пегла, како и приправникот на Втората чета на Првиот батаљон на полциската бригада СУП - Белград, Добрисав Гавариќ.
Пегла останал на парингот, додека овие тројца влегле во ходникот подготвувајќи да започне тројното убиство.
Во хотелот била голема гужва, Аркан седел на сепарето недалеку од рецепцијата.
Тој во хотелот бил со сопругата Светлана Цеца Ражнатовиќ, нејзината сестра Лидија Величковиќ и телохтранителот Ѕвонко Матовиќ. Додека сестрите шетале низ продавниците, Аркан седел во холот на сепарето.
По неколку минути по 17 часот. му се доближиле Гаги и Мики. Се ракувале со Аркан, се бакнале со Мандом и кренале кон скалите кои воделе до хотелските сали за свадба. Гавриќ седел на друго сепаре, неколку метри позади Аркан.
Минута подоцна, Гавриќ станал од столот, од капутот извадил пиштол и испукал во Аркан. На подот паднале чаурите, чаши, флаши, а гостите бегале на сите страни.
Полицијата дошла веднаш на лице место, но не и Итната помош. Цеца и Лидија биле цели во солзи, го влечеле Аркан до излезот од хотелот. Цеца се обидела да го наговори полицаецот со службено возило да го однесе Аркан до болница. Тој ја одбил бидејќи немал дозвола од претпоставениот. Потоа успеале да пронајдат возило и Аркан бил пренесен до Ургентниот центар каде таму е прогласен за мртов.
Ново на Сител
-
Почна со работа Комисијата за правична застапеност во Собранието
-
Владата и банките во недела на преговори
-
Имотен лист на вашиот е-мејл за 10 секунди?
-
Тутунарите со свои очекувања
-
Борисов предложи коалиција за Влада - Парламентот не успеа да избере претседател
-
Загадениот воздух - Хроничен зимски проблем
-
Владата е свесна за проблемите со загадениот воздух
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фалат 200,000 евра на Детска клиника