Цеца искрено за снаата: Фолк дивата првпат искрено проговори за Богдана, еве што мисли за неа
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ веќе три децении важи за една од најголемите музички ѕвезди на Балканот, и е многу врзана за своите деца Вељко и Анастасија.
Во последно време се гледа во неговото друштво, за нив често се зборува во медиумите, но истакнува дека не зборува во нивно име тук, како нивна мајка.
Фолк дивата ги поддржува во нивните одлуки, какви и да се, посебно околу изборот на партнер.
„Не се мешам, како што ниту моите родители не се мешаа во моите избори. Можеби сакале, но никогаш отворено тоа не го покажувале, туку ги почитувале моите желби. И јас се поставував на ист начин,“, рече Цеца.
Цеца отворено проговори за девојката на Вељко, Богдана Родиќ, која младиот боксер и ја донесе на нејзиниот 45. роденден.
Таа истакнува дека Богдана е атрактивна и убава девојка, но дека на неа најубави се „нејзината душа и нејзиното воспитување“.
Цеца со Богдана добро се познава и често комуницираат. Повод за тоа најчесто се борбите на нејзиниот син, кои признава, не може во живо да ги гледа.
„Тоа е огромен стрес за мене. Незамисливо ми е да седам во публика и мирно да ги гледам неговите мечеви. Кога се ќе заврши, Богдана, која секогаш го следи, или некој од моите пријатели, ми пуштаат снимка“.
Пејачката додаде дека Вељко е добро дете - грижлив и внимателен син, брат, внук... Горда сум на него зошто е лојален пријател, но и таа, како ниту еден родител, не може потополно да биде објективна кога зборува за своето дете.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници