Царовска: Европа значи пристап до фондови за социјалните услуги
Европа значи дека институциите им служат на сите граѓани подеднакво и на располагање се фондови за социјалните услуги на локално ниво кои ќе ги поддржат граѓаните, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска при денешната посета на Прилеп.
Царовска со прилепскиот градоначалник Илија Јованоски го посети Дневниот центар за лица со церебрална парализа кој за 15-ина дена по првпат ќе биде отворен во Прилеп.
Според Царовска, Министерството се грижи и да го реши проблемот со недостиг од капацитети за детски градинки.
- Изминатиот период отворивме детска градинка и ја ставивме во функција во Прилеп, еве за 15-ина дена да се отвори Дневниот центар за лица со церебрална парализа. Со тоа создаваме услуги на локално ниво со што покажуваме дека се грижиме за граѓаните. Проблемот со капацитетите за детски градинки ќе го решаваме и во градот и во населените места поддеднакво, рече Царовска, повикувајќи ги граѓаните на референдумот, на 30 септември, да гласаат „за“.
И ако ме прашате што значи Европа, додаде, тоа значи дека институциите им служат на сите граѓани подеднакво и на располагање се фондови за социјалните услуги на локално ниво кои ќе ги поддржат граѓаните.
Според прилепскиот градоначалник Јованоски, при крај се последните подготовки за отворањето на Дневниот центар за лицата со церебрална парализа во кој ќе помагаат и нивните родители. Се гради со финансиска поддршка на Министерството за труд и социјална политика и на локалната самоуправа.
- Во тек е огласот за ангажирање на лица кои ќе работат во Центарот, а ќе бидат ангажирани и родителите. Сето тоа ќе придонесе за подобрување на условите и на лицата со церебрална парализа и на хендикепираните, рече Јованоски.
За Елена Кочоска од „Полио плус“ Прилеп е пример како да им се помогне на лицата со хендикеп.
- Овој Дневен центар покажува дека се зголемува грижата за лицата со хендикеп, а Прилеп претставува пример за тоа, зашто досега не биле создавани посебни услови за хендикепираните лица, рече Кочоска.
Царовска го посети и Домот за стари и изнемоштени лица „Киро Крстески -Платник“ за да се запознае со функционирањето на оваа институција.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-
Алијанса на Таравари со собрание за консолидација на партијата
-
Со стартот на грејната сезона зголемена опасноста од пожари
-
Иницијативен одбор во ЛДП бара смена на Зајкова, таа вели дека и се закануваат
-
Алијанса на Таравари со собрание за консолидација на партијата
-
ДСЗИ утре ќе го објави извештајот од надзорот за починатото 5–годишно девојче на детската клиника
-
ВМРО ДПМНЕ обвинува: СДСМ и ДУИ недоволно ги користеле апаратите за магнетна резонанца, а пациентите чекале
-
Власта да се откаже од новогодишната кошничка, бара СДСМ