Цаи: Тајван сака да произведува „демократски чипови“ со САД
Тајван сака да произведува „ демократски чипови“ заедно со САД, јави денеска претседателката Цаи Инг-вен при средбата со гувернерот на државата Аризона, Даг Дуси кој е во посета на оваа островска земја, јавија британски медиуми.
Тајванската компанија за производство на полупроводници – ТСМК, главен снабдувач на „Епл“, и најголемиот производител на чипови во светот, гради фабрика во Аризона во вредност од 12 милијарди долари.
– Планираме заедно да произведуваме „демократски чипови“, за да ги зачуваме интересите на нашите демократски партнери и да создадеме поголем просперитет, истакна Цаи на состанокот во Тајпеј. Гувернерот на Аризона ѝ кажа на Цаи дека партнерството на САД со Тајван е најсилното во индустријата на полупроводниците. Дуси, претставник на Републиканската партија, е нов американски претставник во посета на Тајван и покрај тоа што Кина инсистира да нема такви посети. Кина го гледа Тајван како дел од својата територија.
Ново на Сител
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија