Бушати: Албанија нема да ја затвори границата со Грција
Албанија ќе се однесува кон бегалскиот проблем според европските правила, изјави за грчкиот весник „Вима“ албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати, кој на почетокот од неделава беше во посета на Грција, каде се сретна со грчкиот колега Никос Коѕиас и со претседателот Прокопис Павлопулос.
Бушати уверува дека Албанија нема да ја затвори границата со Грција.
- Општиот впечаток во Албанија е дека Грција никогаш целосно не го прифатил создавањето на современа албанска држава, додека впечатокот меѓу Грците е дека Албанците имаат некаков скриен дневен ред, за да ја нападнат Грција. Денес во голем степен останува недовербата мешу двете земји, истакна шефот на албанската дипломатија.
Тој објаснува дека Албанија останува приврзана кон европските ангажмани од октомври 2015 година и ќе придонесе за надминување на бегалската криза зависно од можностите.
Бушати изјави дека во врска со бегалците Албанија презема превентивни мерки во соработка со италијанските власти и желба на неговата земја е тоа да се случи и со грчките власти.
Ново на Сител
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени