Бундестагот ја реизбра Ангела Меркел за канцелар
- Долниот дом на гермнаксиот Парламент, Бундестагот денеска ја реизбра лидерката на Христијанско демократската унија (ЦДУ), Ангела Меркел за нов, четврти, мандат на функцијата канцелар на Германија.
За изборот на 63-годишната Меркел гласаа 364 пратеници, 315 беа против, а деветмина се воздржаа од гласање.
- Го прифаќам изборот, изјави Меркел по гласањето.
Владината коалиција на Меркел, во која покрај ЦДУ, влегуваат и нејизната сестринска партија, баварската Христијанско социјална унија (ЦСУ) и Социјалдемократската партија на Германија (СПД), има вкупно 399 места во 709-члениот Бундестаг.
Трите партии ја сочинуваа и досегашната „голема“ владина коалиција, но формирањето на новата Влада не одеше лесно, па Меркел е резибрана на функцијата дури 171 ден по изборите, одржани на 25 септмври минатата година.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ достави документи до Владата
-
Меџити: Нема никаков скандал
-
Маркетите ќе бидат должни цените да ги објавуваат на интернет
-
Засилени полициски контроли
-
Младите би останале да живеат во Македонија, но треба да има подобри услови
-
Нови 35 проекти во Струмичкиот музеј
-
Преглед на вестите од светот