Бугарски медиуми за договорот меѓу Македонија и Грција

Министрите за надворешни работи на Грција и Македонија го потпишаа договорот со кој Поранешната Југословенска Република Македонија сега ќе се вика „Република Северна Македонија“, јавуваат електронските изданија на бугарските медиуми.
Извештаите засега се речиси без коментари, само информации дека е потпишан во грчко село на брегот на Преспанското езеро, по што делегациите се префрлија на македонска страна.
Порталот 24 часа.бг исткнува дека „историскиот договор е факт“ и во насловот извлекува дека Ципрас од Заев доби црвена вратоврска.
- По потпишувањето и официјалните говори, грчкиот премиер доби подарок – црвена вратоврска. Тој симболичен чин веројатно е првиот чекор кон излез на Грција од кризата. Да потсетиме, дека Алексис Ципрас вети дека ќе стави вратоврска кога Грција ќе излезе од кризата, пишува порталот.
И бугарската информативна агенција „Блиц“ издвои посебен простор за гестот на Заев.
- Македонскиот премиер Зоран Заев неочекувано одлучи да му подари нешто на грчкиот колега Алексис Ципрас, со кого пред неколку минути официјално утврдија промена на името на Македонија во Република Северна Македонија... Тој ја извади својата црвена вратоврска и по прегратка му ја даде на Ципрас. Двајцата насмеани повторно се ракуваа пред насмеаните лица на гостите кои долго аплаудираа, нагласува порталот.
Блиц нагласува дека откако провериле, утврдиле дека „денеска западниот дел на Европа го празнува Денот на таткото“.
- И покрај тоа што се одбележува претежно во католички земји, празникот е многу почитуван и во Грција. Денот на таткото се одбележува во третата недела од месец јуни. Еден од традиционалните подароци за тој празник е вратоврска. На многу места овој моден додаток е симбол на Денот на таткото, пишува Блиц.
Бугарските медиуми исто така ја пренесуваат и пораката на Фејсбук на Борисов кој ги поздрави премиерите на Македонија и Бугарија и напиша дека договорот за спорот за името го отвора патот на Република Македонија кон ЕУ и НАТО.
Ново на Сител
-

Тошковски: Од 12 октомври „Безбеден град“ ќе се применува во Охрид, Дебар, Кичево и Струга
-

Шведски и фински „ловци“ подигнати по тревога за пресретнување на руски воени авиони
-

АХВ: 560 вонредни контроли во објектите за производство на сладолед и мраз, издадени 140 решенија за утврдени неусогласности
-

Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен и околината
-

Облачно и постудено со повремен дожд
-

Десетици делегати демонстративно ја напуштија салата на Генералното собрание на ОН на почетокот на говорот на Нетанјаху
-

Николоски: Од март следната година нова авиолинија Дубаи-Скопје, преговараме и за поврзување на Охрид со еден од аеродромите во ОАЕ
-

Две финалиња за Македонија: Андонов и Николов ќе се борат за злато на Светското во кикбокс
