Бугарките најмлади мајки во ЕУ
Жените во Бугарија своите први деца ги раѓаат во просек на 26-годишна возраст, што ги прави најмлади мајки на новороденчиња во рамки на ЕУ, покажуваат податоците на Европсата статистичка агенција - Евростат за 2015 година.
Според податоците на Евростат, како што јави БТА; во 2001 година во Бугарија се родиле 68.180 деца, а во 2015-та 66.150, со што се потврдува негативната демографска тенденција во земјата.
Податоците на бугарската Национален статистички институт (НСИ) пожауваат дека во 2001 година во Бугарија имало нешто над 4 милиони жени, додека во 2015-та таа бројка изнесувала 3,6 милиони или 400.000 помалку.
Прогнозите на НСИ велат дека се очекува трендот на намалување на бројот на жените во Бугарија да продолжи и во следниот период и во 2020 година да изнесува 3,5 милиони. Доколку продолжи ваквата тенденција, во 2070 година се проектира во Бугарија да има 2,5 милиони жени или 1,1 милион помалку од сегашната бројка.
Паралелно со намалување на бројот на жени, Бугарија бележи и пад на бројката на бракови, а зголемување на цифрата на разводи. Според НСИ, во периодот 2001-2015 бројот на разводи во Бугарија се зголемил за една третина.
Ново на Сител
-
СДСМ бара оставка од министерката за финансии за навредите кон пратеничката Петровска
-
Гаши ги следи реакциите за вчерашната седница за пратенички прашања
-
Барањето за разрешување на Коцевски се уште не е стигнато во Советот на јавни обвинители
-
УЈП со нова услуга - Уверение за остварен доход ќе се вади електронски
-
Градот Штип, нов мост за соработка помеѓу Македонија и Велика Британија
-
30 лица чекаат трансплантација на орган
-
Преглед на вестите од светот
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција