Бугарија сака да набави модерна опрема за контрола на границите од Австрија
Бугарската Влада го задолжи министерот за одбрана на Бугарија, Николај Ненчев да започне консултации од ресорното австриско Министерство за набавка на современа опрема за контрола на границите, соопшти денеска Прес-службата на бугарскиот владин Кабинет.
Како што јави БТА, во соопштението се наведува дека оваа опрема и е неопходна на бугарската Армија, која и помага на полицијата во контрола и заштита на држаните граници.
- Учеството на бугарската Армија во заедничките активноти на границата со Министерството за внатрешни работи, ја наметнува потребата за набавка на опрема соодветна за извршување на обврските, се наведува во соопштението.
Според бугарската Влада, со набавката на оваа опрема значително ќе се зголемат капацитетите на безбедносните сили за спречување на бегалскиот прилив преку копнената граница на Бугарија.
Ново на Сител
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски