Бугарија ја предложи Ирина Бокова за генерален секретар на ОН
Бугарското Министерство за надворешни работи испрати писмо до ОН со кое официјално ја номинира генералниот директор на Организацијата за образование, наука и култура на ОН (УНЕСКО), Ирина Бокова за нов генерален секретар на Светската организаиција, јави БТА.
Во соопштението на Министерството се наведува дека писмото со кандидатурата го потпишал шефот на бугарската дипломатија Даниел Митов.
- Со нејзината биографија и досегашно искуство Ирина Бокова може да биде една од водечките кандидати во претстојната кампања за генерален секретар на ОН, се наведува во соопштението.
Во понеделникот Словенија ја поднесе кандидатурата на поранешниот словенечки претседател Данило Тирк за генерален секретар на ОН, а на почетокот на месецов Црна Гора за оваа функција го номинираше шефот на црногорската дипломатија и поранешен премиер Игор Лукшиќ.
Македонски кандидат за генерален секретар на ОН е поранешниот министер за надворешни работи и амбасадор Срѓан Керим, додека Хравтска ја предложи доскорешната шефица на хрватската дипломатија Весна Пусиќ.
Како потенцијален кандидати за нов прв човек на ОН неофицијално се споменува и словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак.
Новиот генерален секретар на ОН, согласно процедурата, ќе го избере Советот за безбедност на Светската организација, кој потоа ќе му предложи негово именување на Генералното собрание.
Се верува дека процедурата би можела да биде завршена до на есен. Мандатот на актуелниот генерален секретар Бан Ки-мун истекува на крајот на годината.
Ново на Сител
-
Македонците од Албанија бараат помош од државата за справување со бугарската пропаганда
-
Тема на денот со Васил Стерјовски
-
Амнестирани обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“
-
Рокас: Интензивирани се дипломатските активности, власта да ја спроведе реформската агенда, а ние сме тука да асистираме
-
Посетата на Мицкоски на САД – за ВМРО-ДПМНЕ државен успех, за СДСМ евтина ПР фарса
-
Ахмети со скандалозна изјава од Чашка - Македонците според него зборуваат на бугарски јазик
-
Додека болните чекаат терапија, политичките партии се препукуваат за Онкологија
-
Унгарскиот заем наскоро ќе биде достапен за фирмите