Бугарија и Македонија ќе склучат договор за гасна интерконекција
Операторите на македонскиот и бугарскиот гасовод ГА-МА АД и Булгартрансгаз ЕАД имаат намера да склучат договор за меѓусистемско поврзување меѓу двете земји, јави дописникот на МИА од Софија.
Според информациите објавени на веб-страницата на бугарската државна компанија Булгаргазтрансгаз, точката за интерконекција ќе биде Ќустендил/Жидилово.
Двата јавни оператора ги повикуваат корисниците на мрежата да се произнесат по предложениот текст во однос на правилата за распределба на количините на гас и одредбите кои се однесуваат на корисниците на мрежата.
ГА-МА АД и Булгартрансгаз ЕАД ќе ги претстават пред јавноста правилата и процедурите за снабдување и дистрибуција на количествата гас, како и други релевантни одредби кои се однесуваат на корисниците на мрежата. Консултациите ќе продолжат до 27.10.2022 година и имаат за цел да се соберат мислењата на сите потенцијални корисници на мрежата во врска со преносот на природен гас преку ИТ Ќустендил/Жидилово.
ГА-МА АД и Булгартрансгаз ЕАД имаат намера да понудат преносни услуги на корисниците на мрежата за снабдување со природен гас од Бугарија во Северна Македонија и комерцијалн пренос од Северна Македонија во Бугарија
Ново на Сител
-
Тема на денот со Екс амбасадорот во Бугарија - Марјан Ѓорчев
-
Анализа: Како да нема превиди во помилувањето
-
Паднаа потписи: 4,1 милијарда денари од буџетот на владата за капитални проекти за општините
-
Мицкоски: Доблесно е да се даде оставка,кога ќе се констатира грешка да се преземе одговорност
-
СДСМ за оставките на Комисијата
-
Над 45 милиони евра издвоила државата за правосудството во 2022 година
-
Сдсм бара итна оставка на Христовски, Мицкоски очекува ДКСК да го истражи случајот
-
Бугарија гласа: Седми парламентарни избори за помалку од 4 години