Бугарија ги врати „зелените коридори“ за масовна вакцинација
– Претседателот на Штабот за вакцинација во Бугарија, Красимир Гигов издаде упатства до сите регионални здравствени власти во земјата на местата каде што нема апликанти од приоритетните групи според планот за вакцинација, повторно да бидат отворени т.н. „зелени коридори“ и вакцините да се пренасочат кон луѓето кои сакаат имунизација, објави Бугарската национална телевизија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, рано утрово пристигнале 52.800 вакцини од „Астра Зенека“.
– Програмата за вакцинација оди добро. Дозите добиени утрово ќе бидат распределени денеска на 28 региони во земјата, рече Гигов.
Министерот за здравство Костадин Ангелов пред премиерот Бојко Борисов рече дека интересот е исклучително голем и многумина чекаат за имунизација.
– Во исто време, планот за вакцинација во различни области во Бугарија се одвива со различно темпо, рече Ангелов.
Премиерот Борисов рече дека вакцините треба да ги однесат таму каде што има луѓе кои чекаат за вакцинација. – Ако има пред болницата за итни случаи „Пирогов“, Воено-медицинската академија и другите големи болници, таму пуштете ги, рече Борисов.
Веднаш по пристигнувањето на новите дози на „АстраЗенека“ во Софија, матични лекари со мали фрижидери и кутии чекаа пред локалниот Регионален здравствен инспекторат за да примат вакцини кои ќе им ги даваат на пациентите постари од 65 години.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден