Бугарија ги укинува „златните пасоши“
Бугарската влада усвои закон со кој се укинуваат таканаречените „златни пасоши“, програма која дозволува државјанство во замена за големи инвестиции.
Законот треба да го усвои Парламентот, каде сличен предлог веќе има поднесено и Движењето за права и слободи (АЛДЕ).Министерството за правда соопшти дека „златните пасоши“ не довеле до реални инвестиции во Бугарија.
Граѓаните на земји надвор од Европската унија добија дозвола за постојан престој во Бугарија („златна виза“) или „златен пасош“, благодарение на инвестициите главно во купување државни хартии од вредност или банкарски депозити во земјата.Тоа, сепак, не се реални инвестиции кои придонесуваат за економски развој и отворање нови работни места.Вредноста на „златната виза“ е инвестиција од 525.000 евра, а вредноста на „златниот пасош“ е 1,05 милиони евра.Според порталот Еурактив, бугарскиот „златен пасош“ има 96 странци. Најмногу го имаат Руси, а потоа следуваат државјани на земјите од Блискиот Исток.
Во јуни 2021 година, Европската комисија ја предупреди Бугарија да ја прекине практиката на издавање пасоши за инвестиции, бидејќи другите членки на Унијата имаат обврска да признаваат државјани на трети земји како граѓани на ЕУ.
Ново на Сител
-
И Министерството за економија и труд мета на хакерски напад
-
Божиновска: Ќе најдеме излез од енергетската катастрофа
-
Божиновска: Владата прави напори да имаме мирна зима на енергетски план
-
Таравари со отчет за првите 100 дена: Лекари од приватното сакаат да се вратат во државното здравство
-
СДСМ: За 100 дена влада нула мерки и закочени субвенции
-
Еден затвореник ја чини државата 10 илјада евра годишно, како да се реши пренатрупаноста во затворите?
-
Зголемена потребата од негуватели
-
Преглед на вестите од светот