Бугарија денеска ќе го ратификува Протоколот за НАТО
Собранието на Република Бугарија денеска ќе го ратификува Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.
На пленарната седница на која ќе се гласа за ратификацијата ќе присуствува претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери кој престојува во официјална посета на Бугарија.
Како што соопштија од прес-службата на бугарското Собрание, се очекува Џафери пред пленарната сеница да одржи средба со неговата бугарска колешка Цвета Карајанчева, а по чинот на ратификацијата двајцата ќе дадат изјави за медиумите.
Предвидено е Џафери да има средба и со вицепремиерката и министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева. Захариева на почетокот од месецов изјави дека Бугарија ќе биде една од првите држави што ќе го ратификуваат договорот за присоединување на нашата држава во НАТО, бидејќи тоа е од национален интерес за Бугарија. Истото се однесува и за влезот на земјата и во Европската унија, рече шефицата на бугарската дипломатија.
Парламентарната Комисија за одбрана при бугарското Собрание на 15 февруари го одобри протоколот и им препорача на пратениците да го усвојат.
Ново на Сител
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев