Буџетот нема пари за венецуелските пратеници, овој месец тие нема да земат плата
Касата на венецуелскиот Парламент, контролирана од опозицијата, е празна и овој месец пратениците и неговите службеници нема да добијат плата, информира претседателот на Парламентот, Хенри Рамос, кој за тоа ја обвини Владата,пренесуваат француските медиуми.
- Овој месец нема пари за плати бидејќи Владата не ни префрли средства, изјави претседателот од редовите на опозицијата, која го има мнозинството во Националното собрание.
Пратениците, службениците и работниците во Парламентот треба да знаат дека доколку не им издадат чек можат да отидат во Министерството за финансии или претседателството за да си ја добијат својата плата. Јас немам со што да им платам, рече Рамос по повод оваа нова последица од кризата во земјата.
На почетокот на јануари вториот највлијателен човек во земјата од времето на управувањето на претседателот Уго Чавес и поранешен претседател на Парламентот, Диосдадо Кабељо, предупреди дека ќе побара од државниот буџет да ги запре средствата за Националното собрание.
Венецуела преживува длабока политичка криза откако во декември минатата година опозицијата победи на парламентарните избори, првпат од 1999 година.
Ново на Сител
-
Со едночасовен молк во скопскиот Градски парк стотина млади оддадоа почит на загинатите во пожарот во Кочани
-
Во Ријад почнаа разговорите на делегациите на САД и Украина
-
Двајца осомничени, илегално пренесувале амфетамин од Скопје до Гевгелија
-
Во Белград се одржа првиот состанок на Движењето за народот и државата
-
Насилство на скопската обиколница, предложен притвор за осомничениот
-
Таравари: Подготвен е протокол според кој идната недела ќе бидат пречекани првите пет пациенти кои се лекуваат во странство
-
Молебен за Кочани во црквата св.Архангел Михаил во Неиве Италија
-
Папата Франциск отпуштен од болница и се појави во јавноста прв пат по пет недели