Македонија
23. December 2019 - 12:50

Буџетот на Град Скопје за 2020 поголем за 12 проценти

Со 75 милиони евра ќе се реализираат капиталните проекти во градот. Според градоначалникот со овие средства ќе се гради Луна паркот, нова универзална сала, кеј на реката Вардар, урбана опрема на Кале како и реконструкција и довршување на десетина булевари. Останатите 44 370 000 милиони евра се планираат за , донации и кредити. 
 
- Со ваков буџет се опфатени голем број стратешки проекти и моја цел е Скопје да стане град со модерни услови за живеење, изјави градоначалникот Шилегов.
 
105 амандмани поднесоа советниците, во тек е расправа во Советот.
 
Мирјана Давидовска