-->
-->
Брутално сведочење на осомничениот за смртта на девојката: Таа преку оглас ме најми да ја застрелам во глава
-->
Маж кој е уапсен поради убиство на девојка од Колорадо, рекол во полицијата дека ја убил бидејќи тааго најмила за да го направи тоа.
Џозеф Мекденијел Лорез 922) рекол дека одговорил на огласот на сајтот "Kregslist" во кој Наталија Болинџер (19) навела дека сака да биде застрелана.
Како што се наведува во судскиот извештај, Џозеф опишал дека тој и Наталија прво размениле пораки, полсе тоа ја собрач од пред нејзиниот стан во Врумфилд, северно од Денвер. Лопез уште изјавил дека се обидел да ја одврати од таа намера. Тие двајца продолжиле да се возат маоколу, договарајќи околу исплатата, се додека не застанале на местото каде ја пукал. Џозеф изјавил дека Наталија го обезбедила и пиштолот, пренесува CBS.
Натали е пронајдена на 29. декември, денот после што нејзиното момче ја пријавило за исчезната.
Аутопсијата открила дека е убиена со куршум во глава и дека имала потенцијална смртоносна количина на дрога во организмот.
Истражителите го повикале Лопез во врска со случајот и кај него биче пронајдени 100 текстуални пораки кои се разменети ноќта кога умрела.
- Канцеларијата на шерифот добила бројни повици во врска со комуникацијата која Наталија ги имала со другите луѓе, рекол Мајкл Мекинтош, локалниот шериф.
- Набљудувајќи ги сите тие податоци, спроведени бројни интервјуа, успеавме да го идентификуваме Џозеф Лопез, рекол тој.
Мекинтош рекол дека неговите истражувачи го контактирале Лопез и побарале од него во четвртокот да дојде на сослушување. Уапсен е откако дошол доброволно на информативниот разговор.
Лопез ги однесол на местот и им раскажал како е застрелана, таа „ клекнала на земја“,и тој клекнал од левата страна, заедно се помолиле, станал ги затворил очите и испукал со пиштолот. Лопез додал дека пиштолот е сеуште кај него во автомобил.
Полицијата го пронашла оружјето, меѓутоа сметаат дека е прерано веднаш да се поврзе со убиството на Натлија.
- Не значи дека ако имаме осумничен во притворот, истрагата завршува, рекол шерифот.
Во писмениот извештај не се анведуваат никакви докази кои би можело да се поткрепат тврдењата на Лопез, ниту пак е назначено колку хероин имало во организмот на Натали.
Освен тоа, наодите од аутопсијата покажале дека и порано користела дрога.
истражителите навеле дека поедини членови на семејството и пријателите изјавиле дека Натали и порано имала мрачни мисли, додека пак други изјавиле дека била среќна и се радувала што го продлжува школувањето.
Од сајтот "Kregslist" кој инаку се занимава со објавување на разни огласи, до сега не дале никави коментари по повод овој случај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ахмети: Од Законот за јазици не смее да се смени ниту точка ниту запирка, ќе биде пружен „невиден отпор“
-
Тема на денот со Нуман Куртулуш, претседател на националното Собрание на Турција
-
Поскапува животот во Македонија, граѓаните велат новогодишната кошница е игра и замајување
-
Уставен ќе добие мислење од Венецијанска за Закон за јазици - Одлуката најдоцна до мај
-
Бизнисот го чека унгарскиот кредит, банките условите
-
Со правосилни пресуди до ефикасна борба со криминалот и корупцијата
-
Шест месеци нова Влада
-
Заврши стручниот надзор на Детска за починатото седуммесечно бебе – Таравари не сака да избрзува со заклучоци