-->
-->
Брутални тинејџерки: Ја претепале другарката па видеото го објавиле на Интернет
-->
Група тинејџерки брутално претепале другарка откако ја повикале на пижами парти.Снимката покажува како четири девојки со раце и нозе ја тепаат 14-годишната Наоми Џонсон по што ја фрлаат на под, а една тинејџерка сето тоа го снима со својот телефон, по што го објавила видеото на Интернет.
Експлицитното 10-минутното видео се појавило и во јавноста по што родителите на Наоми покренале тужба против мајката на една од девојките, која била одговорна за нив.
Според судските изјави Деана Киргис била дома, а во нејзината куќа нејзината ќерка заедно со нејзините другарки ја нападнале Наоми и претепале.
Киргис не само што не приметила дека нешто чудно се случува во куќата туку дури и им дала алкохол на девојките.
Родителите на Наоми ја тужат мајката и бараат од нејзе 100.000 доолари во кои се вклучени трошоците за лечење на Наоми, кои досега платиле околу 45.000 долари вклучувајќи ги и трошоците за домашното школување.
"Работите едноставно се сменети. Не одам во школо, не се дружам со старите пријатели", рекла Наоми додека нејзините родители неможеле да ги задржат солзите.
Наоми четири месеци од несреќниот случај не била на училиште. Причината е тоа што насилчниците не се санкционирани и казнети бидејќи видеото не е снимено во кругот на училиштето.
Покрај приватната тужба која ја поднел нејзиниот татко, не е поднесена друга тужба. Полицијата моментално истражува, а после тоа ќе може да ги обвини девојките за напад.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
-

54-годишник барал 20.000 евра од жена, заканувајќи се со објавување на компромитирачки снимки
-

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен
-

ЦУ: Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на скопска мобилара, кривична пријава против осум лица
