Американската војска потврди дека и ги предаде главните бази во Сирија на владата во Дамаск

Американската војска го заврши предавањето на сите главни бази во Сирија, потврди вчера Централната команда на САД (CENTCOM), пренесе ДПА.
Американските сили и натаму ќе ги поддржуваат напорите за борбата против тероризмот предводени од партнерите за обезбедување безбедност во регионот, изјави портпаролот на CENTCOM како одговор на барањето за коментар.
Сириската влада претходно објави целосно повлекување на американските трупи стационирани во земјата.
Министерството за надворешни работи во Дамаск пред два дена соопшти дека воените објекти каде што претходно беа присутни американските трупи во Сирија се целосно предадени на сириската влада.
Овој потег беше очекуван. Во февруари имаше извештаи за планови за повлекување на САД од Сирија, а претседателот Доналд Трамп уште во 2018 година, за време на неговиот прв мандат, изјави дека американските војници треба целосно да се повлечат од земјата.
Проценките за бројот на американски војници се движеа помеѓу 900 и 2.000, пренесе германската агенција.
Американската војска со години се бореше во Сирија заедно со силите предводени од Курдите против Исламска држава, која се смета за воено поразена од 2019 година, потсети ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец
-

Лавров: САД сакаат да го купат европскиот дел од Северниот тек
-

Туск: Можеби е подобро што Зеленски поради војната со ордените не доаѓа утре во Гдањск
-

ЦУК: Еден пожар активен, еден ставен под контрола, седум изгаснати
-

Мерц: Поддржете ја мојата пензиска реформа или ќе пропуштите шанса што се случува еднаш во генерација
-

УЈП: Наближува рокот за поднесување на првите даночни пријави врз основа на Законот за минимален глобален данок на добивка
-

Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Тошковски
-

Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото
