Бројот на загинати во земјотресот во Кина се зголеми на 146
Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала што во понеделникот ја погоди северозападна Кина се зголеми на 146, а три лица се водат како исчезнати, јавија кинеските државни медиуми.
Во потресот беа повредени речиси 1. 000 луѓе. Стотици привремени контејнери за сместување се поставени во северозападна Кина за преживеаните од земјотресот кој уништи повеќе од 14. 000 домови.
Државната телевизија ЦЦТВ CCTV прикажа снимка на која се гледаат кранови како ставаат контејнери во селото Меипу во провинцијата Гансу.
Се очекува на девет локации во тоа село да бидат поставени вкупно 500 контејнери. Повеќе од 87.000 луѓе беа евакуирани по земјотресот во понеделникот вечерта, многумина се сместени во шатори на температури под нулата.
Ново на Сител
-
Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност
-
Претрес во Охрид, пронајдена дрога
-
Мицкоски: Ни треба деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста
-
Баерн го израмни рекордот на Барселона за непобедлива серија на домашен терен во ЛШ
-
Повеќе од 3.000 фалсификувани гитари Gibson запленети во Калифорнија
-
Во Берово утрово најстудено, Крушево најтопло
-
Скопје 4-ти на неславната листа на најзагадени градови во светот
-
Европратениците ќе гласаат за одобрување на новата Европска комисија