Бројот на работниците во индустријата во мај поголем за 0,4 отсто
Бројот на работниците во индустријата во мај годинава во однос на мај лани е поголем за 0,4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен бележи пораст од 2,3%, во секторот Преработувачка индустрија од 0,3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,2%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата бележи пораст кај Енергија за 1,2%, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,8%, Капитални производи за 9,0% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,6%, додека опаѓање има кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,6%.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - мај 2016 година, во однос на периодот јануари - мај 2015 година е поголем за 1,4 отсто.
Ново на Сител
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд