Бројот на преостанати епизоди на „Игра на престолите“ ги шокира фановите
Откако фановите се помирија со фактот дека шестата вообичаено сјајна сезона на мегапопуларната серија „Игра на престолите“ заврши, ги дочека студен туш каков што не очекуваа.
Имено продуцентите на серијата, Дејвид Бениоф и Ден Вајс го потврди дека она за што се шпекулираше: планираат да снимат само уште 13 нови епизоди.
- Во план се уште две сезони со вкупно 73 часа, како што и планиравме од почетокот. Сакаме да раскажаме една квалитетна приказна со кохерентен почеток, средина и крај. Веќе подолго време знаеме каков ќе биде крајот и одиме кон него. Последните продолженија тоа и го најавија, објасни Бениоф, одговарајќи на негодувањето на фановите.
Според сегашните планови, во 2017 година во новата сезона ќе има седум епизоди, а во 2018 година фановите ќе ги чекаат последните шест епизоди од хит серијата.
- Се полека доаѓа на свое место. Денерис на крајот се враќа во Вестерос, Џон Сноу е покрај Север, Серси исто така му се приклучува на Железниот престол. А знаеме дека и Нјат Кинг ги чека таму горе. Ние се наоѓаме во необична ситуација, затоа што сега не можеме да се потпреме на пишаниот материјал на Мартин, но знаеме што сакаме да направиме со крајот, додаде Бениоф.
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток