Брод удри во страничниот ѕид на Панамскиот Канал
Кинески брод со контејнери, удри во страничниот ѕид на обновениот и проширен Панамски Канал.
Во инцидентот не се јавува за повредени, но е предизвикана штета на бродот кој бил задржан на поправка.
Станува збор за трет ваков инцидент во Каналот, во само еден месец, откако беше свечено даден во употреба овој проширен воден пат, што ги поврзува Пацификот и Атланскиот Океан.
Инцидентот се случи во време на гласно изразените сомнежи на експертите во Панама во квалитетот на проектот и изведбата, тврдејќи дека проширениот канал има помалку простор за меневрирање и дека може да биде небезбеден.
Според објаснувањето на експертите, новите превојници се премногу мали за безбедно оперирање, со бродови кои сега и три пати поголеми од оние кои порано пловеа низ Каналот.
Панамските власти соопштија дека била наложена истрага за сите три досегашни инциденти.
Работите на проширувањето на Панамскит Канал започнаа во 2007 година и требаше да завршат до 2014, но работите се оддолжија, честопати и поради недостиг на средства, па проширувањето беше завршено оваа година.
Првиот брод помина низ проширениот Канал, пред еден месец, на 26 јуни.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето