Брнабиќ: Доколку биде присилена на избор Србија ќе ја избере ЕУ, а не Русија
Доколку Србија биде присилена да избира меѓу поблиски врски со Русија и членството во Европската Унија, таа ќе се одлучи за ова второто, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ во интервју за американската агенција Блумберг.
Брнабиќ во интервјуто кажа дека како премиерка ќе го продолжи патот што го почна нејзиниот претходник, сега претседател на Србија, Александар Вучиќ, да ја подготви земјата за членство во ЕУ до 2020 година, кога и завршува мандатот.
-ЕУ е таму каде ние одиме - тоа е јасно, рече Брнабиќ.
„Ние имаме емотивни врски со Русија заради традицијата, културата и верата", наведе таа и укажа на тоа дека во Србија голем број луѓе во целост Русија ја доживуваат како голем брат, наш заштитник“.
Според неа, овие чувства не можат да се занемарат, „но наш стратешки пат е ЕУ“.
Потсетувајќи дека Вучиќ одби да ја исполни одлуката на Унијата за воведување санкции кон Русија заради Украина, Блумберг наведува дека Брнабиќ не можела да потврди дали ќе го продолжи тој став доколку биде загрозено пристапувањето на Србија кон ЕУ.
-Не можам тоа сега да го коментарам, бидејќи на Балканот е многу тешко да се посветите на било што. Тоа е тежок регион, рече Брнабиќ, за која агенцијата напоменува дека не припаѓа ниту на една политичка партија и дека е образувана во САД и Велика Британија.
Ново на Сител
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам
-
Преглед на вестите од светот
-
Експерти: Одговорноста за правосудството треба да се бара во индивидуалните постапки на дел од судиите
-
Тема на денот со Арбен Таравари