-->
-->
Бркотница на патот Штип -Скопје - еве што откри полицијата
-->
Бркотница на патот Штип - Скопје, полицијата открила девет мигранти. Според информациите од МВР, утринава околу 01.35 часот на автопатот Штип-Скопје, кај место викано „Канда“, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе дале знак за запирање на патничко возило „Алфа Ромео“ без регистарски ознаки. Возачот не застанал, го свртел возилото и се упатил во правец кон Штип. Во близина на Филтер станицата возачот го запрел возилото и побегнал.
Од извршениот преглед во возилото биле пронајдени девет лица-мигранти, од кои шест лица од Бангладеш и три лица од Пакистан. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пациентите со механичка поддршка на срцето бараат поголем ангажман од државата
-
Преглед на вести од светот
-
Какви казни има за сквернавење национални симболи?
-
Тема на денот со Методи Хаџијанев, професор по безбедност
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Дали движењето ЗНАМ ќе ја напушти владејачката коалиција?