Британско МНР: Руски хакери почнаа нов напад на платформите на социјалните мрежи
– Руски хакери почнаа нов напад врз странски лидери, насочени кон платформите на социјалните мрежи со голема кампања за дезинформации, чија цел е да ја легитимизира инвазијата на Украина, соопшти британскиот Форин офис.
Платените оперативци кои работат од фабриката во Санкт Петербург ја користат апликацијата Телеграм за да регрутираат и координираат поддржувачи, кои потоа ги преплавуваат социјалните мрежи со коментари за поддршка на рускиот претседател Владимир Путин и војната во Украина.
Лажни профили – таканаречени „фабрики за тролови“ – се пронајдени на осум платформи за социјални медиуми, вклучувајќи ги Телеграм, Твитер, Фејсбук и ТикТок.
Цел на операцијата се политичари и јавноста во многу земји, вклучително и Британија, Јужна Африка и Индија.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер за транспорт и врски
-
Бројката на повредени во трагедијата во Кочани надмина 200 - Во Македонија на лекување се 54 пациенти и се стабилни
-
Од идната недела ќе почне враќањето на дел од повредените на лекување во странство
-
Затворени 2 угостителски објекти, пуштале музика во денови на жалост, контролите продолжуваат
-
Засилени контроли во општините по трагедијата во Кочани
-
Собир на граѓани во Кочани
-
Големиот пожар што избувна доцна попладнето во близина на Струмица е изгаснат