Британски научници смислија инхалатор против коронавирус
Истражувачи од британскиот универзитет во Саутемптон смислиле нов инхалатор кој треба да им помогне на луѓето заразени со коронавирус да се изборат со него во раните фази на болеста.
Инхалаторот користи експериментален лек кој содржи интерферон бета, протеин што човечкото тело го произведува секогаш кога доаѓа вирусна инфекција, пренесува лондонски „Сан“.
Интерферон бета, кој го зајакнува имунолошкиот систем, веќе се користи за лекување на мултиплекс склероза, а за време на студија во Хонг Конг, во комбинација со други лекови, се покажа можност за ублажување на симптомите на Ковид-19.
Кога овој лек се вдишува, директно стигнува до белите дробови, каде помага против дејството на коронавирусот, поради што научниците се надеваат дека треба да го спречи развојот на болеста до фатален исход.
Тестирањето на инхалаторите во домашни услови започна денеска, а наскоро ќе заврши и тестирањето во кое учествуваат 100 болнички пациенти.
Доколку овие испитувања се успешни, британската фармацевтска компанија „Синерџен“ оваа година ќе произведе милиони дози од овој лек, пренесува „Сан“.
Ново на Сител
-
Три лица полесно повредени во собраќајка на патот Струмица-Радовиш
-
Возило излетало од патот Прилеп - Скопје кај кавадаречко Раец
-
Гаши за Сител: Стана традиција Албанец да е претседател на Собрание
-
На 30 јуни непосредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ
-
Бендевска: Преговорите меѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ се во крајна финална фаза
-
Верижен судир кај Долно Косоврасти, повредено лице пренесено во болницата „Свети Еразмо“
-
Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор е правен акт и реалност, ќе го почитувам
-
Мицкоски на средба со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“