Брестовац: Репрезентативците сеуште не се одморени од СП
Слабо издание на македонскиот претставник во регионалната лига Металург кој пред својата публика загуби убедливо со 36-24 од хрватскиот Загреб.
Почетните 10-тина минути не навестуваа ваков епилог на мечот но како што одминуваше времето се виде немоќта на скопскиот тим па гостите лесно постигнуваа голови и до крајот на полувремето поведоа со 5 голови предност.
Двоцифреното водство за Загреб дојде во 45-тата минута и тогаш се чекаше само конечниот резултат.
Кај Металург се истакна Арсеновски со 5 погодоци додека најефикасен на теренот беше ракометарот на Загреб Буриќ со 7. Првиот стратег на Металург Данило Брестовац по мечот причината за слабата игра ја побара кај репрезентативците и нивниот замор од настапот на ракометниот мундијал во Германија и Данска.
Со оваа победа хрватскиот тим го дели првото место со нашиот Вардар и му е потребна уште една победа за пласман на завршниот фајнал фор во СЕХА лигата.
Ново на Сител
-
Рама: Раката за дијалог е подадена, избори во јуни 2021
-
Мадуро ги затвора границите на Венецуела за да го запре опозицискиот хуманитарен караван
-
Скопскиот градоначалник Шилегов во посета на Тирана
-
Костадинов: Сценаристи на денешниот инцидент во затворот се Мицкоски и Груевски
-
Педофилот го фатија без гаќи: Русин (24) нападна девојче во лифт, станарите спречија хорор
-
Човекот има 94 деца, 39 жени и 33 внуци и сите живеат под ист покрив: Ова е најголемото семејство во светот, еве како живеат заедно и се сложуваат
-
Девојче од Тексас случајно ја сними својата смрт: Се подготвуваше за важен натпревар и потоа се стана црно
-
Скандал во Сомбор: Погребот го претворија во панаѓур, дојдоа да изразат сочуство па се разиграа и запеаја покрај ковчегот на мртовецот