Брестовац: Репрезентативците сеуште не се одморени од СП
Слабо издание на македонскиот претставник во регионалната лига Металург кој пред својата публика загуби убедливо со 36-24 од хрватскиот Загреб.
Почетните 10-тина минути не навестуваа ваков епилог на мечот но како што одминуваше времето се виде немоќта на скопскиот тим па гостите лесно постигнуваа голови и до крајот на полувремето поведоа со 5 голови предност.
Двоцифреното водство за Загреб дојде во 45-тата минута и тогаш се чекаше само конечниот резултат.
Кај Металург се истакна Арсеновски со 5 погодоци додека најефикасен на теренот беше ракометарот на Загреб Буриќ со 7. Првиот стратег на Металург Данило Брестовац по мечот причината за слабата игра ја побара кај репрезентативците и нивниот замор од настапот на ракометниот мундијал во Германија и Данска.
Со оваа победа хрватскиот тим го дели првото место со нашиот Вардар и му е потребна уште една победа за пласман на завршниот фајнал фор во СЕХА лигата.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени