Ракомет
3. February 2019 - 19:34

Брестовац: Репрезентативците сеуште не се одморени од СП

Слабо издание на македонскиот претставник во регионалната лига Металург кој пред својата публика загуби убедливо со 36-24 од хрватскиот Загреб.

            Почетните 10-тина минути не навестуваа ваков епилог на мечот но како што одминуваше времето се виде немоќта на скопскиот тим па гостите лесно постигнуваа голови и до крајот на полувремето поведоа со 5 голови предност.

            Двоцифреното водство за Загреб дојде во 45-тата минута и тогаш се чекаше само конечниот резултат.

            Кај Металург се истакна  Арсеновски со 5 погодоци додека најефикасен на теренот беше ракометарот на Загреб Буриќ со 7.   Првиот стратег на Металург Данило Брестовац по мечот причината за слабата игра ја побара кај репрезентативците и нивниот замор од настапот на ракометниот мундијал во Германија и Данска.

            Со оваа победа хрватскиот тим го дели првото место со нашиот Вардар и му е потребна уште една победа за пласман на завршниот фајнал фор во СЕХА лигата.