-->
-->
Брестовац: Противниците се внимателно бирани
-->

Ракометната репрезентација на Македонија денеска го имаше првиот собир во пресрет на Европското првенство 2016 во Полска. Во отсуство на селекторот Ивица Обрван (најавено доаѓање во недела) прозивката ја правеше неговиот помошник Данило Брестовац.
- Подготовките ги почнуваме за играчите да имаат континуитет односно да немаат подолга пауза. Тренинзите овие денови ќе бидат комбинирани, со различни интревали, а ќе работиме и со топка. Сакаме да видиме колку е длог списокот на играчи на кои можеме да сметаме. Ние имаме „прва постава“, но бараме резреви кои можат ссодветно да одговорат. Ова од причина што и Европското првенство, а потоа и евентуалните Олимписки квалификации се играат играат во еден исклучително тежок ритам. Не сме комплетно задоволни од минутажите на играчите. Кога станува збор за противниците во подготовките Словенија (на гости) и Црна Гора (дома) беа бирани за да одговараат на типот на играта на ривалите од групата. Како и да е за нас финале е натпреварот со Србија. Имавме понуди и од други селекции, истакна помошник тренерот на репрезентацијата Данило Брестовац.
Во следните неколку дена играчите ќе тренираат по двапати на дена во СЦ „Јане Сандански“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, 6 степени во Гевгелија
-

Автомобил удри во група пешаци во Англија, има тешко повредени
-

Над 40 тони необележени јајца од Србија уништени на Дрисла
-

Пораз, но вредно искуство за Лука Кипровски
-

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради 5. издание на трката „Водно 10К"
-

Јемен по втор пат го нападна Израел со ракети
-

Иран се закани дека ќе ги нападне израелските и американските универзитети
-

Во Србија се одржуваат избори во 10 локални самоуправи
