-->
-->
Бразилско засилување во нападот на Шкендија
-->
Бразилскиот напаѓач Игор Вандерсон да Силва е нов член на есенскиот шампион во Првата македонска фудбалска лига Шкендија, соопшти вечерва прволигашот од Тетово.
Дваесетичетиригодишниот Да Силва доаѓа од редовите на бразилски Аква Санте, откако поради пандемијата на коронавирус предвреме ги напушти редовите на турскиот прволигаш Бурсаспор.
Претходно Да Силва го носеше дресот на турски Газиантеп, а во родниот Бразил беше дел од екипите на Метрополитано и Униао Барбаренше.
Да Силва потпиша договор на 18 месеци со Шкендија и е трето засилување за актуелниот лидер во ПМФЛ, по Рубин Хебај и Ферат Рамадани.
Бразилецот ќе го носи дресот со број 13.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива