Фудбал
9. October 2017 - 22:50

Бравурозна победа над Лихтенштајн

Македонската фудбалска репрезентација со убедлива победа од 4-0 над Лихтенштајн ги заврши квалификациите за Мундијалот во Русија. 

Вечерва во Струмица  рисовите славеа со головите на Муслиу, Трајковски, Хасани и повратникот Адерми со што покажаа дека се репрезентација за почит во квалификациската група во која првото место го освои Шпанија која вечерва минимално победи во Израел со 1-0. Италија славеше во Албанија исто така со 1-0 и го освои второто место. Албанците се трети, Израел 4.ти а ние 5-ти на крајот од квалификациите.