Божикна честитка на бискупот скопски Киро Стојанов
Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, упати честитка по повод празникот Божик што на 25 декември го слават граѓаните на Македонија со католичка вероисповед.
- Божик е ден кој нè води на почетоците на христијанството. Тоа е ден кога го празнуваме несфатливиот доказ на Божјата љубов кон човекот, изразена во Неговото појавување меѓу нас во отелотворувањето и раѓањето на второто Божествено лице Исус Христос. Во оваа време кога во многу човечки срца се вгнездиле темнина и неспособност да се живее живот достоен за човекот, ние навестуваме и сведочиме дека Бог спасува. Темнина се спушта над семејните вредности и темнина надвиснува во меѓучовечките односи, се шири цивилизација на смртта во која човекот е се помалку човек. Тој станува бројка и тоа експлицитно, заради користољубие, вели во честитката бискупот Стојанов.
Во време кога е допуштено уништување на невини и неродени животи, а во многу земји на старите и болните им се забрзува умирањето, во цивилизација во која човекот е сведен на предмет за уживање, посочи, и покрај сè го навестуваме евангелието на животот: добри луѓе, внимавајте и Бог стана човек.
- Тој е чувар, бранител и Оној кој има моќ да го заздрави нашето слабо и паднато човештво до негово повторно издигнување во достоинство. Со надеж дека во овие денови со повеќе смиреност во секого а особено во најмалиот брат и сестра ќе го препознаеме воплотениот Христос, секому му посакувам мир, среќен и радосен Божик во кој ќе го доживееме сознанието: Колку е убаво да се биде човек. Мир Божји – Христос се роди!, стои во божикната честитка на бискупот Стојанов.
Ново на Сител
-
Јаневска: Резултатите од ТИМСС-тестирањето се лоши и се доказ дека се потребни промени во образованието
-
48-годишен скопјанец загина на патот Велес - Скопје
-
Грузискиот опозициски лидер Ника Гварамија, претепан и онесвестен, приведен од полицијата
-
Кривична за 18-годишник кој со нож убодел во стомак друго лице пред кафеана во Струмица
-
Две кумановки ги нападнале сопрузите, едната од нив го нападнала и синот
-
30 години Сител Телевизија - Ваш прв избор
-
Масовни протести во Грузија: Стотици уапсени, полицијата обвинува за насилство
-
Одговорност за наставничка што ја организирала приредбата во ОУ „7 Март“ во Челопек